-->
-->
АРМ: Продолжува соработката со Вооружените сили на САД
-->

Соработката на АРМ со Армијата на Вооружените сили (ВС) на САД за Европа продолжува во повеќе облици на активности од доменот на обуката, соопштија од АРМ.
Како резултат на средбите на Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски со генерал-мајор Бен Хоџис, кој е во неколкудневна посета на Армијата на Република Македонија, се наоѓаат група млади офицери од Вооружените сили на САД со цел размена на искуства и приказ на начинот на работа.
- За време на денешната средба во ГШ, генералот Величковски пред младите офицери ја нагласи потребата од континуирана едукација и развивањето на нивните лидерски карактеристики кои се приоритет за нивниот професионален развој, се истакнува во соопштението.
Во текот на следните денови припадниците на ВС на САД ќе посетат дел од единиците и капацитетите на АРМ, каде ќе имаат можност да се запознаат со процесот на изведувањето обука како и да разменат мислења и искуства со своите колеги за предизвиците со кои се соочуваат во текот на извршувањето на секојдневните задачи.
Според АРМ, предвидена е обиколка на припадниците на АРМ кои се распоредени на јужната граница, каде во реална ситуација ќе можат да ги проследат мерките и процедурите кои АРМ успешно ги спроведува во справувањето со мигрантската криза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почина 18-годишниот Вукашин, шеснаесетта жртва на трагедијата во Нови Сад
-
Отворена истрага за пожарот во Кочани
-
Приведени тројца дилери
-
Одземени 97 лиценци согласно Законот за градење
-
Кривична за фирма од Струмица и управителот за даночно затајување при приредување игри на среќа
-
Отстранет штандот за свеќи и книгата на жалост во Кочани
-
Муцунски: Во овие тешки моменти, важно е да останеме обединети во болката и солидарноста
-
Собрани 43.149.360 денари за семејствата на настраданите и повредените, велат од Црвен крст