„АРМ со вас“ на плоштадот „Македонија“
Боречките вештини на армиските „Волци“ кои со глава кршеа керамиди, како и изведбата на точката „Егзецир“ на Гардата на АРМ денеска ги собраа сите аплаузи на плоштадот „Македонија“ на кој македонската армија организираше Отворен ден со граѓаните насловен „АРМ со вас“.
Многу млади имаа можност да се запознаат со воената опрема како што се оклопните возила на Армијата, како и да се информираат за воената професија и огласот за прием на професионални војници кој е во тек.
Учениците и студентите се информираа и за Воената академија, а посебен интерес имаа за Центарот за обука на пилоти кои беа претставени со свои штандови.
На плоштадот присуствуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, претставници на воено-дипломатскиот кор во Република Македонија и други високи претставници на МО и АРМ.
Според Министерството и АРМ, ова е добра можност граѓаните одблиску да се запознаат со својата армија и нејзините капацитети и да се информираат за воената професија и јавниот оглас за прием на војници.
Презентацијата на Армијата на плоштадот ќе трае до 19 часот.бк/са/13:53
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори