Армијата го одбележува Денот на Првата пешадиска бригада
Со свечена церемонија, интонирање на химната, но и едноминутно молчење за сите припадници на оваа бригада, кои го загубиле животот, беше одбележан Денот на 1.Пешадиска бригада на Армијата.
"Како резултат на епидемијата оваа бригада беше ангажирана за многу активности, но најголем предизвик сепак е чувањето на јужната и северна граница на земјава", рече бригадниот генерал Бесник Емини.
На свеченоста присуствувале и армискиот врв, како и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која истакна дека лесниот пешадиски баталјон е нешто по кое сме препознатливи во НАТО, за што имаме високи оценки И заслуги од мировните мисии во НАТО. Според министерката за одбрана, пешадиската бригада е пример за обученост, способност и интероперабилност со другите армии од НАТО.
На Денот на Првата пешадиска бригада беа доделени многу награди, признанија и значки за најзаслужните.
Мирјана Јовеска
Ново на Сител
-
ЕУ внимателно го следи случајот со истрагата и апсењето на градоначалникот на Тирана, соопшти портпарол на Еврокомисијата
-
Мисајловски: Во НАТО имаме нов контекст насочен кон преговори за мир во Украина
-
Андоновска: Има висок интензитет на вирусот на грип во овој период, најмногу заболени во Скопје и Струмица
-
Кипарската Влада одобри жените доброволно да служат војска
-
Избран нов претседател на Партија на Власите од Македонија
-
Тензично во албанскиот Парламент, седницата прекината
-
Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град по барање на ОЈО
-
Филипче: Најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб