-->
-->
Армијата организира отворен ден за граѓаните во Прилеп
-->
По повод Денот на НАТО, Министерството за одбрана и Армијата денеска на плоштадот „Арт“ пред Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, а во соработка со Општината организираат отворен ден за граѓаните.
Присутните ќе имаат можност да проследат повеќе музички нумери во изведба на воениот оркестар, да ја проследат познатата точка на припадниците на баталјонот за почести „Егзирцир“ и да се запознаат со дел од изложеното армиско вооружување и опрема.
Во соработка со Црвениот крст во просториите на Центарот за култура ќе биде организирана и крводарителска акција на која покрај припадниците на армијата сите заинтересирани граѓани ќе можат да се приклучат и да даруваат од оваа драгоцена течност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДКСК бара ревизија на законите за издавање лиценци
-
Панел дискусија: Борба против корупцијата - иновации против нелегалната моќ
-
Објавен годишниот извештај за почитување на човековите права
-
Формирање на задруги за подобар пласман
-
Преглед на вестите од светот
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати