Арсенал казнет од Фудбалската асоцијација на Англија

Фудбалската асоцијација на Англија го казни Арсенал со 65.000 фунти поради однесувањето на фудбалерите на лондонскиот клуб на натпреварот против Вулверхемптон во 23. коло од Премиер лигата.
„Топџиите“ беа санкционирани откако играчите го опколија судијата Мајкл Оливер на „Молину“, по одлуката од која не беа задоволни.
Фудбалерите на Арсенал го опколија судијата откако тој донесе одлука, која комисијата ја оцени како неоснована - кога Мајлс Луис-Скели доби директен црвен картон.
Луис-Скели има 18 години и може да игра како лев бек или во средниот ред.
Судијата Мајкл Оливер му покажа директен црвен картон на Луис-Скели за дуелот со Мет Доерти.
Луис-Скели го сопна Доерти на крајот од полувремето и го спречи во контранапад, а 39-годишниот судија не ја промени својата одлука ниту по проверка на ВАР.
Арсенал е втор на табелата со 53 бода – седум помалку од лидерот Ливерпул.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
-

Починала во 2006-та, а во декември родила дете
