-->
-->
Арсенал ќе понуди 70 милиони евра за Хамес Родригез
-->
Крилото на Реал Мадрид, Хамес Родригез, кој игра како позајмен во Баерн Минхен, може да ја продолжи кариерата во Англија.
Арсенал е подготвен да плати 70 милиони евра за Колумбиецот, што му одговара раководството на „кралскиот“ клуб, соопштува „Мирор“.
Неодамна се појавија информации дека Баерн нема намера да ја активира клаузулата за откупување на играчот вредна 42 милиони евра и во текот на летото тој треба да се врати во Реал.
Се зборуваше и за интерес од Јувентус кон 27-годишниот фудбалер. Неговиот договор со Реал е до летото 2020 година.
Оваа сезона, Хамес зеде учество во 11 натпревари за баварците во сите натпреварувања, постигна три гола и асистираше за два.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови