Македонија
23. February 2022 - 18:46

Арсовска на средба со претставници на УСАИД за зајакнување на капацитетите на општините

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска оствари средба со претставниците на проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите на локално ниво Бардул Марку, Наташа Николовска Станковиќ и Гинка Капитанова.

Од Град Скопје информираа дека се разговарало за потенцијална соработка за засилување на капацитетите на градската администрација и за можностите за зголемување на фискалниот капацитет на општините.

– На средбата се разговараше и за можностите за системско поврзување меѓу општините и други институции со цел размена на информации за даночните обврзници, а претставниците на проектот изразија и интерес за соработка со ЗЕЛС за учество во измените на националната регулатива, се наведува во соопштението од Град Скопје.