Арсовска: Не е точно дека сум го променила името, името го добив по дедо ми Дане кој е Македонец
Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, и денеска на прес-конференција ги негираше обвинувањата дека поседува бугарско државјанство.
Одговарајќи на новинарски прашања таа истакна дека СДСМ шири лаги бидејќи стравува од пораз на локалните избори и најави тужби со надомест.
Арсовска рече дека не е вистина оти го променила името од Даниела во Данела. Според неа, СДСМ сака да ја претстави како кандидат со антидржавен елемент, и покрај тоа што владејачката партија е онаа која, како што рече, ги продала македонските национални интереси.
„Родена сум Данела Јовановска. Името го добив по дедо ми, Дане којшто е Македонец. Родена сум скопјанка, живеам во Скопје“, изјави Арсовска додавајќи дека намерно се шират лаги кусо пред изборите, со цел да се оневозможи низ постапка докажувањето на вистината.
Прашана дали ќе се соочи со кандидатот од СДСМ, Петре Шилегов, Арсовска нагласи дека нема да седне на маса со лица кои ја навредуваат и понижуваат.
Ново на Сител
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
-
Реулаторна ќе објави нови цени на горивата
-
Почувствуван земјотрес во Хрватска
-
Мицотакис: Провокативна, незаконска и недозволива иницијатива од новата претседателка на Северна Македонија
-
Макроекономска и буџетска состојба на Еврозоната теми на средбата на Еврогрупата