Арсовска потврди дека ќе се кандидира како независен кандидат за градоначалник на Скопје
Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори објави незавиосна кандидатура за градоначалник на град Скопје, а веста ја сподели на социјалнитре мрежи.
„Драги Скопјани, мои сограѓани,
Би сакала со Вас јавно да споделам и официјално ја објавам својата кандидатура како независен кандидат за градоначалник на Град Скопје и ја барам поддршката од сите Вас чесни луѓе кои сакаат промени.
Време е да делуваме различно од досега, а времето не чека никого. Доаѓа крајот на политички агенди и лажни ветувања. Политички калкуланти, лаги и корупција континуирано ни ги одземаат шансите за нормален живот. Заткулисни игри предолго го окупираат градот и неговото функционирање, а незадоволството кај граѓаните континуирано се зголемува.
Или ќе стоиме на страна или ќе се спротивставиме и ќе почнеме заедно да ги менуваме работите. Партизираност на институциите или одлучност и професионалност за пристоен живот!“ пишува таа.
Вели дека време е да се одбере - празни ветувања, нереализирани проекти или вредни, способни и исполнителни личности кои нема да потпаднат под политички притисоци и нема да се откажат од својата визија.
„Ние како граѓани не бараме многу. Не бараме лажни ветувања кои никогаш нема да бидат исполнети од страна на политичарите. Напротив, ни требаат храбри личности кои ќе ги застапуваат нашите права и привилегии и ќе се грижат за нашите потреби за достоен живот како што заслужува секој еден граѓанин. Мора да имаме храброст и да кажеме “Ние заслужуваме подобро!”.
Од таа причина одлучив да делувам и се кандидирам за Градоначалник на нашето Скопје како независен кандидат на луѓето на Скопје!
Како изградена личност и жена која со труд и посветеност успеала во личните и професионални предизвици, Ве повикувам ЗАЕДНО да се посветиме Скопје да прерасне во современа и Европска метропола!
Да победиме заедно! Да создадеме поврзан град, центар на културата и спортот, град на солидарноста и соживотот. Еколошки чист и зелен град.
За младите кои градат иднина. Компетентни луѓе на вистинските места. За луѓето кои сакаат сигурност и стабилност. Скопје кое се грижи за скопјани!
Заедно! Силно! Да покажеме знаење“ стои во објавата на Фејсбук на Арсовска.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп