Арсовска Томовска на Форум во Париз

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска денеска во Париз учествуваше на меѓународниот Форум на високо ниво, насловен „Дигитални вештини и мобилно учење за инклузивен и одржлив развој“, во организација на УНЕСКО и на Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ), а во соработка со УНХЦР.
Форумот, што се одржа во рамките на „Неделата на образованието“, третираше политики од доменот на мобилното учење, односно нивната улога во поттикнувањето на иновативноста во образовниот сектор и стекнувањето на е-вештини.
Учесниците, министри за информатика и за образование на држави од сите континенти, како и претседатели на одбори или извршни директори на најголемите телеком оператори разговараа за дигитална писменост, унапредување на е-вештините и иновативноста во образовните процеси, како и за начините за постигнување на целите на Обединетите нации за одржлив развој, а особено на четвртата развојна цел: „Да се обезбеди инклузивно и правично квалитетно образование и да се промовираат можностите за доживотно учење за сите“. Во таа насока, се разговараше и за модалитетите за обезбедување можности за пристап до информации, содржини и образование за бегалците долж бегалската рута.
Арсовска Томовска, информираат од МИОА, се обрати на сесијата посветена на начинот на кој е-вештините можат да придонесат кон социо-економска инклузија, со посебен акцент на отворањето нови можности за вработување на младите.
- Посветени сме на обезбедувањето инклузивно и правично квалитетно образование и промовирање на можностите за доживотно учење за сите. Во таа насока, преземени се низа активности за имплементирање на адекватни системи за управување со учењето, рекла Арсовска Томовска, посочувајќи го воведувањето на таканаречениот „лејтнер модел на едукација“, односно системот „микроучење“ за јавната администрација, воведувањето на предметот алгоритамско размислување како основи на програмирање и работа со компјутер за учениците од третите одделенија, ваучери за компјутери и бесплатни интернет клубови итн.
На сесијата свои обраќања имаа и министрите за образование/ИКТ на Русија, Турција и Финска.
„Неделата на образованието“ во Париз, во чии рамки се одржа Форумот, како и преку 70 панел сесии и дискусии, е предводник на конференцијата на УНЕСКО за ИКТ и образование.
Ново на Сител
-

Шестгодишно дете тешко повредено откако во него удрил камион во Скопје
-

Не застанал на полициски знак, удрил во службено возило, па нападнал полицајци во Липково
-

Насилство во автобус во Драчево: 27-годишник нападнал патници, возач и полицајци, оштетил и возило
-

Тошковски: За десет месеци 33 загинати помалку во сообраќајот
-

Извештај на ЕК: Македонија е целосно усогласена со ЗНБП и ги засили напорите за Реформската агенда, остануваат уставните измени
-

Добра вест: Обезбедена е „Трикафта“ за сите 126 пациенти со цистична фиброза
-

11 возачи приведени во изминатото деноноќие – Осум управувале без возачка дозвола, тројца под дејство на алкохол
-

ФЗОМ ги засилува контролите во здравствените установи за спречување неоснована наплата на здравствени услуги
