Македонија
1. April 2016 - 14:52

Арсовска Томовска се сретна со австралиската пратеничка Алана Мектиернан

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска денеска се сретна со Алана Мектиернан, пратеник во Долниот дом на Федералното собрание на Австралија. На средбата присуствуваа и почесниот конзул на Република Македонија во Австралија, Зоран Костовски и советникот за регулаторни прашања од Агенцијата за електронски комуникации, Владимир Ристевски.

Министерството за информатичко општество и администрација соопшти дека австралиската пратеничка искажала интерес за напредокот на Македонија во однос на покриеноста со широкопојасен интернет, како и за квалитетниот ИТ кадар со којшто располага нашата земја.

- Притоа, Арсовска Томовска се осврна на активностите што Владата на Република Македонија ги има преземено, меѓу другото и во однос на изградбата на инфраструктурата, развојот на дигиталната писменост кај населението, едуцирањето на младите за информатика и технологија, како и идните планови во таа насока. За време на средбата, пратеничката Мектиернан исто така имаше можност да ги пренесе австралиските искуства по однос на тие прашања, с евели во соопштението од МИОА.