Арсовска: Во Новата година не очекуваат навистина позитивни промени
За Скопје и Македонија помина уште една година со сериозни предизвици, како резултат на здравствената, енергетската и економската криза. Нашето Скопје мора да биде модерен европски град, метропола каква што граѓаните заслужуваат. Вo Новата година не очекуваат навистина позитивни промени, истакнува градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска, во честитка за новата година.
Почнуваме, најевдува, да го реализираме ветеното во програмата, домаќински, без ниту еден денар на граѓаните да биде потрошен на непродуктивни трошоци. За само 50 дена покажавме дека со малку средства и многу труд, со желба и посветеност можеме да направиме сериозни резултати кои значително го подобруваат животот на скопјани.
-Исчистени се преку 120 диви депонии, барањата на пожарникарите конечно влегуваат во колективен договор, пуштена е во функција жичарата на Водно, воведовме ноќни автобуски линии, градот станува транспарентен и за прв пат седниците на советот на Градот се пренесуваат во живо, поставуваме и пристапни рампи за лицата со попреченост во сите градски институции. Во новата година ќе продолжиме да работиме како што започнавме, енергично, чесно и посветено за програмата и проектите да станат реалност. Дозволете ми искрено и од срце да ви ја честитам 2022 година и да ви посакам спокој, здравје и среќа во годината која што е пред нас, порачува Арсовска.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа
-
Двајца кавадарчани нападнале полицаец во угостителски објект, подоцна пресметката продолжила во болница
-
Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја потресе Света Гора
-
Му се заканиле со нож, му одзеле 3000 денари, па го удриле неколку пати и избегале
-
Добротворна акција во КСОМ за помош на ранливите групи
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште трага по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден