Арсовски: До каде се ЈО и МВР со приведувањето на фалсификаторите и рекетарите
Петти ден рекетарите се на слобода, фалсификаторите на слобода, Заев молчи како да не живее на овој свет и не слушнал дека брат му рекетирал, а потчинетите институции на власта тероризираат професионалци во МВР.
Македонија од држава единствено стана рај за криминалците коишто од целиот свет гледаат да се згрижат во Македонија, дали со седиште, дали со пасош.
Ние повеќе не наликуваме ниту на афричките земји, ја прејдовме и Колумбија на Ескобар во криминал, ние веќе сме пример во светот како држава за криминал. Сите веќе се повикуваат на нас како најкриминална држава.
Прашањата за кои јавноста чека одговори се следните.
Кога планираат Вилма Русковска и Љубомир Јовевски да ги повикаат цела рекетарска и фалсификаторска багра за криминалот и обидите за изнуда?
Зошто не им се вештачени телефоните на рекетарите уште кога стигнала во ЈО пријавата?
Кој ги фалсификувал документите во МВР и ЈО да се тргне името на Вице Заев од пријавата?
Зошто на Вице Заев му требале 250.000 евра за референдумот и кого имал намера да поткупи со тие пари? Дали гласачите или пратениците во Собранието кои знаеме како гласаа?
Треба да си недоветен да мислиш дека ако тргнеш некое име од пријава во ЈО, нема да одговара. Сите до еден ќе одговараат за направениот криминал.
Наместо да бркаат и ловат во матно некакви си свиркачи и да ги бараат во редот на професионалците кои професионално си ја работат работата, нека ги остават на мира да си ја работат својата работа и нека ги бркаат криминалците.
Наместо да се бркаат професионалци кои си ја работеле работата во случајот, треба да се брка рекетарот кој има име и презиме во пријавата и кој се обидел да врши изнуда, тоа е брат му на Зоран Заев, Вице Заев. Исто така треба да се бркаат фалсификаторите коишто го ваделе неговото име да го покријат неговиот криминал од пријавата.
Станавме држава во која криминалците се на слобода, а се тероризираат професионалните кадри. Е заради ваквите случувања се поголем дел од граѓаните се отселуваат од Република Македонија. Не им се живее во иста држава со вакви орди и криминалци.
Бродот на крими-картелот Заеви секојдневно тоне. Тоне затоа што се повеќе ги напуштаат сите околу нив, дури и најблиските и се повеќе говорат за криминалот кој го прават Заеви и СДСМ. Затоа и сите до еден, за истиот тој криминал ќе одговараат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
