Арсовски: Истрагата е целосно компромитирана
Со секој изминат ден довербата во истрагата за случајот „Рекет“ и довербата во Вилма Русковска се се помали.
Истрагата е целосно компромитирана.
После денешната изјава на Вилма Русковска јасно е дека таа нема намера да ги изведе пред лицето на правдата главните актери во случајот „Рекет“, сите ги знаат кои се. После денешната изјава е јасно дека Вилма Русковска застана во одбрана и на Зоран Заев, и на Кики, и Фрики, и на Шеки и на сите функционери на СДСМ инволвирани во политичко – медиумско – обвинителскиот рекет.
Да ја убедуваш јавноста дека нема инволвирани политичари и дека Боки 13 ја немал поддршката од власта при рекетирањето е дрскост и потценување на интелигенцијата на граѓаните.
Да ја убедуваш јавноста дека сите фотографии, средби, меморандуми, сите состаноци и вечери на Боки 13 со функционерите на власта не постоеле или биле чиста случајност е срамно и недостојно за некој што треба да биде репрезент на правдата и да ја репрезентира правдата во Република Македонија.
Срамно и просто неверојатно за никого.
Едно е јасно.
Обрачот се стега околу главата на криминалниот октопод и кога тогаш ќе мора да падне.
Јавноста веќе нема верба во ова обвинителство на Русковска и Јовевски. Диктатот на Заев под кој работат намерно ја развлекува истрагата за да се спасат сите инволвирани политичари вклучително и он.
Џабе им е, готови се, паѓаат.
Поткопаната доверба во Заев – Русковска – Јовевски обвинителството на граѓаните и сомнежот кој го имаат граѓаните се тотално и целосно опарвдано.
Развлекувањето на истрагата повеќе од 4 месеци значи само едно, а тоа е забошотување на целиот случај во корист на СДСМ и рекетарите.
Одговорност мора да има и одговорност ќе има.
Ново на Сител
-

Визна либерализација меѓу темите на вториот Стратешки дијалог со САД
-

Советот на обвинителите ја прифати оставката на Ленче Ристоска
-

Досега откупени над 100.000 јагниња по цена од 280 денари, на сточарите исплатени над 1 милијарда денари субвенции
-

Уставен одлучи: Се зголемуваат платите на судиите
-

Законот за правична застапеност го помина владиниот филтер – на ред е Собранието
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кревко примирје меѓу САД и Иран
-

Падна цената на нафтата на светските берзи, но неизвесноста за Ормутскиот теснец останува

