Македонија
22. March 2021 - 13:54

Арсовски: Шверцот на 100 тони тутун се случил противзаконски, кога министер бил Љупчо Николовски

Упорно повеќе од 2 недели молчи Љупчо Николовски за шверцуваниот тутун на граничниот премин Деве Баир. Ова е скандал кој што го извадивме во јавноста пред две недели. 

Сто тони тутун или пет шлепери се влезени во Република Македонија на граничниот премин Деве Баир, преку фирмата Студенац Шпед која е во сопственост на близок пријател на Љупчо Николовски и градоначалникот на Крива Паланка. 

Денеска сакаме да истакнеме нови информации во врска со овој шверц на тутун и се сомневаме дека директно Љупчо Николовски е вмешан во овој случај. Зошто? Проследете и заклучете сами, а Николовски нека одговори на прашањата. 

Најпрвин, шверцот е извршен во периодот во првата половина на 2019 година заклучно со месец мај. Тоа е период кога Љупчо Николовски е сеуште актуелен министер за земјоделие. 

Потоа, фирмата Студенац Шпед не ги исполнувала условите за увоз на тутун, согласно упатството издадено од фитосанитарниот инспекторат. Иако не ги исполнувала условите, сепак најверојатно некој од министерството одобрил односно ургирал како што знаат по телефон што и самите веќе од СДСМ си кажуваат да се увезе тутунот и за тоа директно е одговорен Љупчо Николовски. 

Дали Љупчо Николовски директно влијаел да се прошверцуваат сто тони тутун? 

Трето, царинските службеници кои го царинеле тутунот, се блиски до СДСМ и пред одредено време како награда се унапредени во Раководител на царинската управа на ГП Деве Баир и другиот цариник како заменик раководител на Царинската управа на Деве Баир. Ова е доволен показател дека биле исполнителни во извршувањето на наредбите од своите партиски надредени. Впрочем сите видовме како Заев по телефон наредува да се пуштат возила на граница. 

За овој случај имаше и потврда од Царинската управа, дека се случил ваков шверц на околу сто тони тутун, кој никој не знае каде завршил и сите молчат. Кога се фатени во некој криминал единствено што знаат е да молчат и да се молат дека некој нема да отвори случај. 

Затоа обвинителството, инспекторатите и антикорупциската комисија сериозно треба да се позанимаваат со овој случај којшто е еклатантен пример на шверц. 

Додека народот трпи за леб, како во деведесеттите години пред нос му се шверцува шлепери со тутун и разно-разна стока. 

Слободно може да ги прогласиме оваа власт и оваа партија, СДСМ за СДСМ – Шверцерска на чело со Заев и Љупчо Николовски. 

Новинарско прашање:Коментар во однос на написите во медиумите дека дел на државниот врв се вакцинирал преку ред?

Одговор:Да, и ние имаме такви информации но и сомнеж за дел од државниот врв, од најтесниот државен врв во владата околу Зоран Заев во партијата, дека се вакцинирани. Некои ги вакцинирале и своите семејства но еве ги повикуваме Владата, министерството за здравство нека ги објават јавно кои се тие луѓе кои што се веќе вакцинирани од државниот врв бидејќи како што знаете тоа не е ништо лошо сите држави во светот, кои што веќе имаат набавено вакцини ги вакцинираат своите граѓани се трудат што повеќе да прикажат јавно колку луѓе и нормално кои луѓе се вакцинирани, односно да се пофалат со тоа. Така да еве ги повикуваме да ги објават јавно кои луѓе се вакцинирани со вакцините кои што се влезени во Република Македонија односно кои луѓе од државниот врв и дел од нивните семејства се вакцинирани со тие вакцини.

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ