Арсовски: Воведуваат мерки, а реално на дело се неодржливи
Изминативе денови актуелен бев на темата поврзана со дискриминаторските мерки кои што ги воведе Владата.
Денешниот епилог е токму она што го зборував изминатите денови.
Воведуваат мерки, а реално на дело се неодржливи.
Неколку пати напоменав дека немаат план, немаат утврдено јасен протокол за спроведување на мерките и дека мерките се промашени, како и целата стратегија на Владата за справување со пандемијата.
Денес, првиот ден по воведување на мерката, епилогот е следен:
- угостителските објекти немаат јасни насоки како да се однесуваат
- угостителските објекти немаат јасна контрола колку луѓе смеат да примат како гости и кои
- угостителите немаат контролен механизам да бидат сигурни дека некој од гостите не ги измамил и влегол со лажен сертификат, за на крајот тие да ги платат казните
- невакцинираните вработени во угостителските објекти се потенцијален ризик за пренос на Ковид-19, ако некој од нив е во период на инкубација
- неофицијалните лица (вработени во угостителски објекти) не смеат да легитимираат граѓани
- денеска угостителските објекти се празни, прометот е “тиња” што би рекле тие самите и тоа никој нема да им го надокнади, затоа што мерките се смислувани и носени додека министрите и Заев беа на плажа.
На самиот крај, неспобни се како Влада и немаат капацитет, промашена им е стратегијата и сѐ оди на штета на граѓаните.
П.С. Од сигурни извори Ви кажувам дека дури утре Владата ќе има координативни седници за да утврди кои ќе бидат насоките за угостителите и обврските на граѓаните.
Е, до толку доцнат, што после 2 дена од воведена мерка, ќе утврдуваат насоки, протоколи и обврски, напиша Арсовски на Фејсбук.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Министерот Мисајловски на меѓународен саем за одбрана во Турција
-
Влатко Стефановски сними нов албум во култното Abbey Road Studios во Лондон
-
Министерот Николоски на Форум во Солун за иднината на транспортот и инфраструктурата во Југоисточна Европа
-
Хезболах ја гаѓаше базата на израелската разузнавачка служба кај Тел Авив
-
Ветеринарна комора повикува на смиреност, ИЈЗ со препоракиза заштита по појавата на птичји грип
-
Состојба на патиштата
-
Студено утро, преку ден сончево
-
Кршел по дома и фрлал предмети кон полицајци, приведен жител на Драчево