Асад: Сирија нема ниту хемиско оружје ниту производствени погони
Сирија нема хемиско оружје ниту погони за производство на такво оружје, изјави сирискиот претседател Башар ал Асад за индиската телевизија ВИОН (WION).
Тој за хемискиот напад во градот Хан-Шејхун од четврти април ги обвини САД, западните разузнавачки агенции и терористите.
- Тие тоа го изрежираа само за да имаат изговор за напад врз Сирија, а тоа се случи и неколку денови подоцна, кога го нападнаа аеродромот, посочи Асад.
Тој додаде дека истите тие сакаат повторно да ја сатанизираат сириската држава и нејзиниот претседател, бидејќи тоа е „единствен наслов што може да привлече внимание на јавното мислење, ширум светот“.
Претседателот на Сирија во интервјуто наведе дека воспоставувањето на зони за деескалација е позитивен резултат, но не и политичко решение за сириската криза.
- Веќе се придруживме на тие напори на состанокот во Женева 2014... Но, до сега немавме вистинска политичка иницијатива, која би можеле нешто да произведе, иако на состанокот во Астана постигнати се делумни резултати, преку зоните за деескалација кои беа позитивни, но до сега не може да се наречат политичко решение, потенцира Асад.
Тој додаде дека сириската Влада презеле иницијатива за воспоставување на директен контакт со терористите во некои области со цел за помирување.
- Тие можат да ни го предадат оружјето, а ние можеме да им дадеме амнестија и тоа е нешто што одлично функционира во Сирија, заклучи Асад.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален