Ашанти и Нели добија син
Американската хипхоп двојка Ашанти и Нели го добија своето прво заедничко дете. Пејачката родила син, а нејзиниот гласноговорник ја потврди веста за „Пипл“ (People).
„Момчето дојде на овој свет на 18 јули. Родителите се многу горди и среќни“, рече тој.
На Ашанти, која се движи кон средината на петтото десетлетие од својот живот, ова и е прво дете. Нели (49) претходно ги има ќерката Шанел (30) и синот Корнел Хејнс Трети (25) со поранешната партнерка Шанета Валентајн. На детето му го дале името Карим Кенкејд Хејнс. Раперот го избрал името.
Раперско-ар-ен-би двојка се запознала во 2003 година, на свеченостите околу „Греми“ наградите. Беа во врска 10 години, па раскинаа, но во април 2023 година, почнаа гласините дека повторно се помириле додека гледале бокс-меч во Лас Вегас. Неколку месеци подоцна, Нели потврди дека се повторно заедно.
Ново на Сител
-
До две илјади денари заштеда од храна без ДДВ, предлага СДСМ
-
Комората бара заемот од Унгарија што поскоро да стигне до бизнисот
-
Тошковски најави нови интересни случаи поврзани со групата „Грчец“ и организираниот криминал
-
Ден на ромскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: 0% ДДВ на храната
-
Владата останува посветена на борбата против корупцијата
-
Македонија подготвува нов пакет помош за Украина