Ашраф Гани: Ослободувањето на талибанските затвореници е при крај
Авганистанската Влада „наскоро“ ќе го заврши процесот на ослободување на талибанските затвореници, важен предуслов за продолжување на мировниот процес со бунтовниците, изјави претседателот Ашраф Гани.
Врз основа на историскиот договор постигнат од страна на САД и талибанците кон крајот на февруари, Кабул ќе ослободи дури 5.000 бунтовници, кои за возврат ќе ослободат околу 1.000 припадници на авганистанските сили.
Тоа е предуслов за почеток на директни мировни преговори во кои учествуваат авганистанските власти и талибанците за првпат во скоро 19 години војна. Кабул веќе ослободи 3.000 талибанци, кои за возврат ослободија повеќе од 500 припадници на авганистанските безбедносни сили, изјави американскиот претставник Залмај Калилзад, кој повика на размена да продолжи.
– Моите колеги и јас решивме наскоро да ослободиме уште 2.000 затвореници. Наскоро ќе објавиме кога ќе биде тоа, рече Ашраф Гани на виртуелната конференција, организирана од двата институти во Вашингтон, Атланскиот совет и Американскиот институт за мир.
Меѓутоа, авганистанскиот претседател ги обвини талибанците за недостаток на транспарентност во однос на бројот на авганистанските трупи што се уште ги држат.
– Тој број постојано се менува. Треба да имаме точни информации за судбината на оние што се во нивни раце и гаранција дека ќе бидат ослободени сите, рече тој.
Портпаролот на талибанците Сухаил Шахин напиша на Твитер дека размената на затвореници во оваа фаза е „позитивна фаза“ што значи „голем напредок“.
Меѓуавганистанските преговори „мора да започнат веднаш“ по ослободувањето на затворениците, предупреди Халилзад на Твитер. Американскиот преговарач ја пофали изјавата на талибанците во која тврдат дека ќе учествуваат во тие преговори веднаш штом ќе заврши размената.
„Ние сме поблиску од кога било до целта, а тоа е да се организираат меѓуавганистански преговори“, додаде дипломатот.
Талибанците и Кабул го почитуваа тридневниот прекин на огнот минатиот месец и насилството генерално е во пад.
Ново на Сител
-
Трамп бара членките на НАТО да потрошат пет отсто од својот БДП за одбрана
-
Сончево и релативно топло за овој период од годината
-
Сообраќајот тековно, во зимски услови
-
Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале
-
14-годишно момче избодено до смрт во Лондон
-
Пожар во куќа во Гази Баба
-
ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја: Тоа ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН и ги зголемува тензиите
-
Минатата година во Грција биле уапсени 13.000 лица за семејно насилство