Астероид синоќа мина близу Земјата
Астероид, под назив „2023 БУ“ вечерва мина близу Земјата. Откриен е пред само неколку дена, а прелета над Јужна Америка, на далечина од 36.000 километри при неговата најблиска точка во однос на нашата планета.
Астероидот е откриен на 21 јануари од страна на астрономот- аматер Генадиј Борисов и неговата опсерваторија „МАРГО“ на Крим, а потоа откритието беше потврдено од бројни опсерватории ширум светот. Иако тоа беше „исклучително блиска средба“ со друго вселенско тело, НАСА вчера веднаш процени дека нема опасност тоа да удри во Земјата.
Системот за проценка на опасности од удари на НАСА, наречен „Скаут“, ги анализираше сите достапни податоци за движењето на „2023 БУ“.
– „Скаут“ многу брзо ја отфрли можноста за судир. Сепак, се дозна дека астероидот ќе се приближи исклучително блиску до Земјата. Всушност, ова беше едно од најблиските забележани преминувања на вселенско тело близу Земјата, изјави инженерот Давиде Фарнокија, еден од одговорните за проектот „Скаут“.
Според проценките, дури и да дојдеше поблиску до планетава, поголемиот дел од астероидот ќе изгореше во атмосферата, а само помали парчиња ќе паднеа на Земјата како метеорити.
Ново на Сител
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица
