Атина под снег
Во поголемиот дел од Грција денеска се регистрирани многу ниски температури и обилни врнежи од снег, кои се очекува деновиве да преминат во дожд поради временски влијанија кои доаѓаат од запад.
Во Атина некои автобуски линии не работат поради снег и лапавица на улиците, а некои патишта во северните делови на градот ќе останат затворени.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, училиштата и градинките во грчкиот главен град денеска поради мразот ќе бидат затворени, соопштија синоќа локалните власти. Тие, исто така ги повикаа Атињаните да го ограничат свoето движење за да се избегнат несреќи и заглавувања во снегот.
- Општината е подготвена да ги заштити бездомниците, а наши екипи фрлаат сол по улиците за да се обезбеди пристап до болниците, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален