Атина: Земјите од Вишеградската група се лицемери

Грција го смета за успех фактот што процесот на преговори на самитот на ЕУ-Турција во Брисел се одвива врз основа на планот на Унијата, а не на барањата на Австрија и земјите од Вишеградската група кои бараа да се затворат северните граници на Грција, соопштија синоќа грчки владини извори.
Според нив, како што јави дописникот на МИА од Атина, Грција на самитот не само што не била изолирана, туку успеала да ги изолира Вишеградските земји, кои потоа се заканија со вето на одлуките, а исто и Австрија, која реагирала на планот на ЕУ и Турција.
Сепак, унгарскиот премиер Виктор Орбан го отфрли планот на ЕУ за директно распоредување на бегалците од Турција во земјите од Европа, соопшти синоќа портпаролот на унгарската Влада Золтан Ковач.
- Тој (Орбан) стави вето на планот според кој мигрантите и барателите на азил директно би се разместувале од Турција во Европа, изјави Ковач.
Грчката Влада го критикуваше ставот на Вишеградската група исткнувајќи дека тие се „лицемери“, бидејќи овие земји не прифаќаат бегалци, не соработуваат за донесување решение, а во исто време ги затвораат границите.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас барал уште синоќа да се донесе одлука за бегалската криза, велејќи дека ако тоа не се постигне, тогаш балканската рута треба да се отвори за да им се овозможи на бегалците да го продолжат своето патување.
Грчката страна, исто така, рекла дека ако не биде прифатен „Планот А“ - враќање на бегалците и мигрантите во Турција, тогаш мора да се оди на „План Б“, според кој во Турција би се вратиле само мигрантите.
На маргините на самитот, доцна синоќа во Брисел се одржал и состанок на кој учествувале лидерите на Германија, Франција, Велика Британија, Холандија, Грција и Кипар, како и шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.
Според грчки владини извори, целта на состанокот била да се координираат преговорите со Турција.
Ново на Сител
-

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари
-

Нови зборови за новото време: Мисија на „Зборци“ | Виктор Бучковски | Sitel Podcast 132
-

Магла на планинските премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
