-->
-->
Aтлетико Мадрид го продава Торес
-->
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Пабло Симеоне, рекол дека на Фернандо Торес нема да му биде понуден нов договор. Весникот AS, тврди дека ова Симеоне на Торес му го соопштил на состанокот кој бил одржан во понеделникот.
Според AS, Атлетико ќе мора наскоро да реши околу иднината на Торес, бидејќи ФИФА на Атлетико му забрани во наредните два трансфер периоди да регистрира фудбалери, со напомена дека забраната не се однесува на актуелниот преоден рок.
Фернандо Торес во Атлетико настапува како позајмен играч од Милан, што значи дека шпанскиот тим, доколку сака да го задржи напаѓачот во своите редови, ќе мора да му понуди договор до крајот на овој преоден рок.
Инаку, Фернандо Торес, сака да остане во Атлетико и воопшто не ги разгледувал понудите на другите клубови, иако постојат шпекулации дека добил милионски понуди од Кина.
Фернандо Торес во Атлетико се врати пред нешто повеќе од една година откако не успеа да се наметне во Милан. Легендата на Атлетико, од клубот замина во 2007 година во Ливерпул, а потоа направи трансфер вреден 50 милиони фунти во Челзи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска