-->
-->
Атлетска трка за 8.септември
-->

„Трчај, играј, активирај се“ е мотото под кое на 6 септември Агенцијата за млади и спорт на кејот на реката Вардар ќе организира спортско-рекреативен настан во пресрет на 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.
Централна активност на настанот ќе биде рекреативна атлетска трка, која ќе започне од каналот на Вардар (општина Карпош, кај карпата за искачување) во 17 часот, а ќе заврши кај Градската плажа (општина Центар). Пријавете се така што ќе го пополните соодветниот формулар (http://bit.ly/2wRZptc) или на телефон: 075 254 734. Повикот за аплицирање за учество на настанот ќе биде отворен до 4.9.2017 (понеделник) до 20 часот.
Секој од учесниците во трката е одговорен за својата физичка подготвеност и здравствената состојба.
Во рамките на настанот ќе биде организирана и еколошка акција за чистење на кејот на Вардар, како и спортски активности: одбојка на песок, кајак, крос фит, искачување на карпа, скејт-активности.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
