-->
-->
Аудиција за членување во детски хор на Македонската опера и балет
-->

Македонската опера и балет ќе формира детски хор „Фалсето“ во кој ќе може да членуваат деца на возраст од девет до 14 години.
МОБ соопшти дека членството во хорот е бесплатно и ги покани заинтересираните да дојдат на аудиција на 5 март во 18 часот во салата Империјал - преку службениот влез на МОБ.
Пријавувањето за аудиција е до 12 часот на 4 март 2016, на електронската адреса: falsetto@mob.com.mk.
- Овозможете му на вашето дете да научи правилно да пее, да другарува и да се смее. Да ја почувствува сцената и да ја освои публиката, преку песна и забава да влезе во светот на музиката и уметноста, пишува во повикот на МОБ до заинтересираните родители.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
-

Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
-

Преглед на вестите од светот
-

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот
-

Прес конференција на министерот за здравство
-

ЗНАМ: Сите опции се на маса
-

Голем мјузикал со над 100 македонски уметници - трет проект за одбележување на независноста на Македонија
