-->
-->
Авганистан: Лидерот на талибанците мула Омар е мртов
-->

Врховниот командант и духовен лидер на талибанците мула Омар е мртов, потврдија извори од Владата во Авганистан.
Би-Би-Си потсетува дека и претходно се појавувале информации за смртта на мула Омар, кои се покажаа како неточни, но ова е првпат Владата да ја потврди информацијата.
Милитантите засега не ја коментираа информацијата.
- Лидерот на талибанците починал пред две-три години, соопшти авганистанската Влада и разузнавачки служби.
Тој беше претседател на Авганистан од 1996 година до падот на талибанскиот режим во 2001 година. Мула Омар не беше виден во јавност од американската воена кампања во 2001 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од денеска престануваат олеснувањата за EES на границите на ЕУ, можни подолги редици
-

30 дена притвор за владин возач кој барал 1.500 евра за вработување пожарникар
-

Автобус со студенти падна во провалија на Зеленортските Острови, најмалку 21 загинат
-

УС опен: Американецот Фриц водеше со 2-0 во сетови и го загуби мечот
-

Кај кавадарчанец пронајдена дрога и пари при претрес на „Тиквешки гроздобер“
-

Полицијата приведе маж од Македонски Брод осомничен дека предизвикал пожар
-

Американските пратеници му презентирале на Путин нови идеи за прекин на војната во Украина
-

Не стивнуваат пожарите во Албанија, вчера регистрирани 21, активни 11 пожари
