Авганистанецот призна дека намерно удрил во толпата во Минхен, соопшти германското Обвинителство
Авганистанскиот државјанин призна дека намерно влетал со автомобил меѓу демонстрантите во Минхен, а властите утврдиле дека злосторството имало исламистичка позадина, соопшти денеска обвинителството.
Во инцидентот се повредени најмалку 36 лица, вклучително и едно дете. „Тој призна дека намерно влетал меѓу демонстрантите.
Внимателна сум со донесувањето избрзани заклучоци, но врз основа на сите информации што ги имам досега, можам да кажам дека злосторството имало исламистички мотив“, рече обвинителката Габриела Тилман на прес-конференција.
Инцидентот се случил вчера околу 10 часот и 30 минути кога возачот го забрзал својот автомобил, а потоа удрил во демонстранти во Минхен кои се собрале на повик на синдикатот на работниците „Верди“.
Напаѓачот е идентификуван како Фархад Н. , 24-годишен Авганистанец кој дошол во Германија во 2016 година за да побара азил.
Како што пренесува германски „Билд“, тој е роден во 2001 година во Кабул, Авганистан, а од неодамна живее во областа Лаим во Минхен.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија