-->
-->
Авион МиГ-23 на меѓународно признатата либиска влада беше соборен во источна Либија
-->
Борбен авион МиГ-23 на меѓународно признатата либиска влада беше соборен над Бенгази во источна Либија додека напаѓал позиции на групи, звојувани со власта.
- Авионот МиГ-23 се урна во реонот на Кар Јунис, во северозападниот дел на Бенгази, додека бомбардираше позиции на Советот на Шурата, рече портпаролот на владините сили Насер ел Хаси, пренесува БТА.
Советот на Шурата на муџахедините е коалиција на блиски до Ал Каеда исламистички милиции, кои се борат против меѓународно признатата влада на Либија.
„Исламска држава" ја презеде одговорноста за соборувањето на авионот според американскиот центар за следење исламистички сајтови SITE.
Воен извор изјави дека пилотот на авионот преживеал откако успеал да се катапултира.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето