Авион на Ер Чајна принудно слетал во Сингапур поради чад во кабината, девет лица се повредени
Девет патници се повредени кога во авион на Ер Чајна поради пожар на моторот влегол чад во кабината и поради тоа принудно слетал во Сингапур каде патниците се евакуирани, соопштено е утринава.
-Ербас А320 со 146 патници и девет членови на екипажот принудно слета вчера околу 16 часот и 15 минути, објави Аеродромската управа на Чанги на својата фејсбук-страница.
Летот доаѓал од Ченгду во кинеската провинција Сечуан. Девет лица се здобиле со полесни повреди поврзани со вдишување чад и рани за време на евакуацијата, се вели во соопштението.
Пилотот прогласил вонредна состојба кога пријавил чад во предниот дел на авионот и во тоалетот. -Пожарот на левиот мотор бил изгаснат при слетувањето на авионот, јавуваат кинеските медиуми.
Прелиминарната истрага покажа дека причината е механички дефект на моторот, објави Ер Чајна рано утринава преку социјалните мрежи. Истрагата за причините продолжува.
Ново на Сител
-

Франција: Портокалов метеоаларм поради горештини издаден за два департмани
-

Денес топло со мала до умерена облачност
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
-

Кривична против осум инспектори поради несовесно работење со дискотеката „Пулс“
-

Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица
-

Мерц возврати откако Трамп ги нарече „смешни“ одбранбените буџети на НАТО
