АВМУ: Кампањата за „прееманципирани“ жени е мизогинистичка и сексистичка

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по извршениот надзор констатира дека спотови од заедничка кампања во сопствена продукција на Сити Радио, Клуб ФМ и Метрополис Радио Мрежа, која е наменета за „сите прееманципирани жени“, се мизогинистички и сексистички.
Кампањата, како што посочуваат од АВМУ, претставува дискриминација врз основа на пол, ширење мизогинија и сексизам што е флагрантно кршење на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Трите радиодифузери кои ја продуцирале оваа кампања, се посочува, се однесуваат на начин кој е непоимлив и целосно неспоив со професионално однесување.
- Во кампањата, еманципацијата на жените и на мажите се поставуваат како два процеса кои меѓусебно се исклучуваат, еманципацијата и стремежот на жените да го достигнат максимумот во своите кариери се претставува како негативна појава, успешните жени се подложуваат на потсмев и омраза, а на децата и младите од обата пола им се испраќа порака дека не се еднакви и дека не треба да се стремат кон еднаквост, велат од Агенцијата.
До трите радија се упатени известувања за констатираното прекршување на Законот. Извештајот од надзорот е достапен на веб страницата на Агенцијата (линк до извештајот), а ќе биде испратен и до Комисијата за заштита од дискриминација.
Ново на Сител
-

Наполи со голема казна за Лукаку, фудбалерот пред заминување
-

Најмногу дожд во Маврово - 48 литри на квадрат
-

Мицкоски во Виена на средба со австрискиот канцелар Штокер и на бизнис форум
-

Најмалку едно лице загина во експлозија во хрватскиот град Сплит
-

Бизнис Лидер Conference & Awards 2026 - Признание за оние што ја движат економијата напред
-

Ден на планетата Земја
-

Лејкерси го зголемија водството во серијата против Хјустон
-

Интер се врати од негатива од 0:2 и го победи Комо во полуфиналето на Купот на Италија
