Аврамопулос: Бугарија има важна улога во справувањето со мигрантската криза

Бугарија има многу важна улога во справувањето со мигрантската криза, изјави еврокомесарот за миграција и внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос, по средбата во зградата на Обединетите нации со бугарскиот заменик-премиер Румена Бачварова и министерот за надворешни работи Даниел Митов, јави БТА.
На средбата било дискутирани за соработката меѓу бугарската Влада и Европската комисија во однос на мигрантската криза.
- Ситуацијата е мошне тешка, трговците со луѓе ги пренасочуваат мигрантските текови низ Бугарија и ЕУ. Но Бугарија не е сама, изјави Аврамопулос.
Тој посочи дека за земјата се отпуштени 160 милиони евра и оти на 6 октомври ќе биде означен почетокот на новиот европски проект - Европска служба за гранична контрола и крајбрежна стража.
- Целта е да можеме подобро да управуваме и да ги штитиме заедничките европски граници, рече еврокомесарот.
Тој додаде дека Бугарија ќе има исклучително важна улога - на прво место ќе треба да ги заштитува своите граници, но во исто време и европските.
- Бугарија ќе биде дел од европската сеопфатна миграциска политика, нагласи еврокомесарот.
Аврамопулос ја поздрави бугарската Влада за вложените напори за справување со тешката ситуација во однос на мигрантската криза.
- Ставот на Бугарија, кој го претставивме пред Генералното собрание на ОН беше слушнат. Ние сметаме дека државите треба да соработуваат, да бараат заеднички решенија, кои се синтеза од хуманитарните и организациските аспекти на тој процес, при што треба да се почитуваат правата на мигрантите, рече Бачварова по средбата со Аврамопулос.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши од дијаспората
-

Форум: Одржливоста како двигател на економскиот раст
-

Мисајловски: Армијата се модернизира
-

Охрид привлечна дестинација за туристите
-

Продолжува подобрувањето на патната инфраструктура во Прилеп со средства од Министерството за транспорт
-

Преглед на вестите од светот
-

Сител сторија: Како изгледа новиот систем на ЦУК за рана детекција на пожари?
-

Филипче: Да ги задржиме младите дома
