Австралија го зголеми нивото на терористичка закана од „можно“ на „веројатно“

Австралија го подигна нивото на закана од терористички напад од „можен“ на „веројатен“ поради порастот на екстремистичкото расположение кај јавноста. Ова значи дека веројатноста за планирање и подготовка на напад во Австралија во следните 12 месеци е за 50 отсто поголема.
Премиерот Ентони Албанезе изјави дека степенот на готовност е зголемен по препорака на службите за безбедност, но додаде дека нема непосредна закана од напад.
- Советите што ги добивме е дека се повеќе Австралијци се вовлекуваат во различни екстремни идеологии, така што наша одговорност е да бидеме внимателни, рече тој на прес-конференција.
Во 2022 година, Австралија го намали нивото на закана до „можно“ по осум години кога беше на степен „веројатно“. Мајк Барџис, генерален директор на Австралиската служба за безбедност и разузнавање (контраразузнавање), изјави дека тензиите на Блискиот Исток, вклучувајќи го конфликтот меѓу Израел и Хамас кој започна на 7 октомври, придонела за зголемување на нивото на закана.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: не се оди надвор без да се постигне консензус дома
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Нови апсења поврзани со проневера во „Државна лотарија“
-

Во четврток средба Муцунски – Петрова во Софија
-

Филипче: Сите лаги на Мицкоски се разобличени - ЕУ го потврди македонскиот идентитет
-

Поевтинуваат бензините и дизелот
-

Реформа на пензискиот систем веднаш – Фискалниот совет предлага повисоки придонеси и зголемување на пензии
-

Пензионерите добија три проценти повисоки пензии
