Австралија ќе издвои 650 милиони долари за руралните средини што настрадаа во катастрофалните пожари
Австралиските рурални средини и градови што лани настрадаа во огнената стихија ќе добијат 650 милиони долари (425 милиони американски долари) како дел од плановите за закрепнување на локалната економија во услови на пандемиска криза, соопшти денеска австралиската федерална Влада, пренесе ДПА.
Приоритет ќе им биде даден на заедниците во најтешко погодените региони за поддршка на локални проекти и планови за закрепнување, соопшти денеска премиерот Скот Морисон.
-Истите заедници кои најмногу беа погодени од пожарите и сега најмногу страдаат од влијанието на Ковид-19. Ефектите се катастрофални, рече Морисон.
Во пожарите на ниско стеблеста шума, меѓу август лани и март годинава, во Австралија беа уништени повеќе од 3.000 домови и изгореа 12 милиони хектари земја – или површина со големина на повеќе од една третина од Германија.
Таа состојба Морисон ја опиша со зборовите „црно лето“, додаде германската агенција.
Најновата владина помош доаѓа по веќе доделените над 1,33 милијарди долари за олеснувања на животот по пожарите, која вклучуваше финансиска помош за семејствата и деловните субјекти.
Новосоздадената Национална агенција за обнова од пожари своите напори ќе ги насочува во проекти во областите погодени од пожарите, вклучувајќи работилници и настани за изградба на способноста на заедницата да одговори на таквите предизвици и за подобро ментално здравје, поддршка на локалните работни места и градење идна еластичност, додаде ДПА.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите