Австралија ќе помогне ако во Европа дојде до недостиг на руско гориво
Австралија е подготвена да испорачува течен природен гас на европските држави, во случај да дојде до недостиг од руско гориво, соопшти денеска сојузниот министер за природни и водни ресурси Кит Пит.
Според Пит, Австралија е „подготвена да помогне при секое барање за испорака на течен природен гас“, кое би дошло од европските држави кога ќе има „недостиг на гас од Русија“.
– Австралиските извозници на течен гас се водечки светски компании и сигурни доставувачи, кои се во можност да достават енергија низ целиот свет, изјави Пит во интервју за весникот „Аустралиан“.
Министерот истакна дека неговата земја може да одговори на растечката глобална побарувачка, како и да биде сигурен снабдувач на течен природен гас.
Оваа изјава на Пит следува по најавата дека САД разговараат со своите сојузници и партнери за можноста за испорака на дополнителни количини гас за Европа, во случај да се влоши ситуацијата во Украина.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје