Австралија нема да ги отвори границите уште четири месеци
Австралија ќе ја остави на сила забраната за патување во странство и нема да ги отвори своите граници барем уште четири месеци, се наведува во „он-лајн“изјавата на главниот санитарен лекар во државата Брендан Марфи до Парламентарна комисија за борба против пандемијата со Ковид-19.
Коронавирусот се шири исклучително активно низ целиот свет и актуелната меѓународна ситуација е таква што секое намалување на граничните мерки би претставувало исклучително ризичен чекор, нагласи Марфи.
Тој најави дека властите ќе разгледаат олеснување на ограничувањата на масовните собири во блиска иднина, но „големите настани ќе останат забранети“.
Ќе бидат разгледани ограничувањата кои влијаат на малите продавници и игралишта, но ние прво мора да го процениме ризикот по здравјето на луѓето, истакна Марфи.
До денеска во Австралија се пријавени 6.659 заразени од новиот коронавирус. Оздравени се 4.671, додека има 75 смртни случаи. Дванаесет нови случаи се откриени во изминатите 24 часа, што е најмал број од 9 март.
Ново на Сител
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре