Австралискиот премиер против кандидатурата на Кевин Рад за генерален секретар на ОН

Шефот на австралиската Влада, Малколм Тарнбул одби да го номинира поранешниот премиер на Австралија, Кевин Рад за генерален серетар на ОН.
Тарнбул изјави дека „не чувствува оти Рад е квалификуван за една таква функција“, додамајќи дека „тој не би номинирал секого“ за наследник на Бан Ки-Мун.
Засега нема никаква реакција од Рад, кој пред Тарнбул во два наврати беше австралиски премиер. Прво до 2010 година, кога со партиски пуч беше соборен од својата сопартијка Џулија Галард, а потоа кусо време во 2013 година до редовните парламентарни избори, откако тој со нов пуч во Лабуристичката партија, ја смени од функцијата Галард.
Актуелниот премиер Тарнбул не даде никаква поширка елаборација со која би го објаснил противењето Рад да се кандидира за високата функија во ОН, но и тој самиот го направи она што веќе го направија лабуристите, откако со помош на пуч во Либералната партија го смени од лидерската и премиерската функција Тони Абот.
Кевин Рад во својата политичка кариера бил и министер за надворешни работи и има дипломатско искуство. Зборува кинески јазик и сметаше дека би бил силен кандидат за престижната и одговорна фунција, како прв Австралиец генерален секратар на ОН.
Бан Ки-мун до крајот на годинава се повлекува од фунцијата, а се веруваше дека негов наследник треба да биде политичар или дипломат од Источна Европа, уште и по можност жена.
Сепак, според аналитичарите, Источна Европа како да ја губи трката, па засега Португалецот Антонио Гутереш важи како кандидат со најголема подршка.
Веднаш до него е поранешниот словенечки претседател Данило Турк, а потоа следат аргентинската министерка за надворешни работи Сузана Малкора и поранешниот премиер на Нов Зеланд, Хелен Кларк.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сотирис Минас, поет од Грција
-

Хуманитарен пикник на „Алкалоид” – 2,2 милиони денари за Клиниката за детски болести „Козле”
-

ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер со владината реконструкција
-

Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Бугарија
-

„Дозволуваме поединци да се богатат со уништување на нашето богатство“, велат од „Анима Мунди“ за ловот на дивеч
-

Епидемијата на западно-нилска треска активна – 10 хоспитализирани, двајца на Интензивна
-

Македонската песна „Што ми е мило, ем драго“ стигна до Холивуд, употребена е во филм со актерите Метју Меконахи и Курт Расел
-

Сотирис Минас ја промовираше книгата „Раскинување на договорот“
