Свет
31. January 2017 - 10:45

Австрија ја забрани бурката на јавни места

По повеќедневна дебата владејачката коалиција во Австрија го усогласи пакетот реформи што предвидува забрана за носење бурка во судниците, училиштата и другите јавни места.

Коалицијата на социјалдемократите и Народната партија синоќа се договорија на припадниците на полицијата, судиите и јавните обвинители да им се забрани да носат шамии со цел „идеолошки и верски да останат неутрални“ додека и служат на државата.

Американските медиуми потсетуваат дека францускиот Парламент пред повеќе од шест години го усвои законот со кој Франција стана првата земја од Европската Унија која ги забрани никабот и бурката.

Австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, порача дека со „забраната на антиопштествените симболи“, како што е бурката, на Австрија ќе и се помогне „подобро да ги интегрира мигрантите на кои им е дозволено да останат“.