Австрија: Кој нема да прими вакцина против коронавирус, не може да добие работа
Австриската покраина Салцбург во болниците и во домовите за стари лица ќе вработи само луѓе кои биле вакцинирани против Ковид-19.
„Во нашите болници веќе постои де факто обврска за вакцинирање, бидејќи статусот на имунизација се проверува пред вработувањето и вакцините кои недостасуваат мора да бидат примени подоцна“, објасни секретарот за здравство и потпретседател на покраината Салцбург, Кристијан Стекл.
Тој принцип, додаде тој во изјавата за виенскиот неделник „Профил“, ќе се применува за време на новото вработување кога ќе се појави вакцината против коронавирус.
Стекл сака задолжителна имунизација против коронавирус не само за болниците и домовите за стари лица, туку и за вработените во градинките и училиштата во Салцбург.
Тој нареди проверка на законските можности.
Сепак, не постои можност за воведување на задолжителна вакцинација против коронавирусот за околу 15.000 лица кои во моментов се активно вработени во болници и во домови за стари лица.
Ново на Сител
-
Деновиве ќе биде соопштено од кои учебници ќе се учи во седмо
-
МАЕИ: Се подготвува декларација за непризнавање на пописните резултати
-
Коце Трајановски назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта
-
Изминатото деноноќие гореле камион, шупа, трева, депонии...
-
Молњи предизвикаа два шумски пожари на Тасос
-
Галичка свадба од 12 до 14 јули, Даријан и Стефана годинешните зет и невеста
-
Најмногу дожд во Дојран, утрово најсвежо на Попова Шапка
-
Конференција на Судскиот совет