-->
-->
Австриската полиција уапси 15 шверцери кои префрлиле над 700 илегални мигранти
-->
Австриската полиција уапси 15 шверцери на луѓе во Виена и Долна Австрија, кои од српско-унгарската граница во Австрија префрлиле над 700 илегални мигранти.
Според полицијата, тие зеле од 4.000 до 5.000 евра по лице.
Шверцерите на тој начин заработиле повеќе од 2,5 милиони евра.
„На сите контроли имало обид возачот да избега“, соопшти полицијата на Долна Австрија.
Криминалистичката служба на Долна Австрија во октомври покрена истрага против криминална банда, која редовно префрлала илегални мигранти од српско-унгарската граница во Австрија.
Возилата што ги користеле биле регистрирани во Австрија или Унгарија.
Маршрутата водела од Унгарија преку Словачка и Чешка до граничниот премин кај Мистелбах, од каде мигрантите биле пренесени во Виена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски
-
57 пациенти од трагедијата во Кочани остануваат на болничко лекување двајца се уште се во критична состојба