Австрискиот претседател Ван дер Белен во официјална посета на Северна Македонија
Сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој на покана на шефот на државата Стево Пендаровски, престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска ќе го започне работниот дел од посетата, а покрај со неговиот домаќин, ќе има средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со премиерот Димитар Ковачевски.
Австрискиот претседател, кој е во придружба на неговата сопруга Дорис Шмидауер, ќе се обрати и на свечена седница во Собранието на Република Северна Македонија.
Како што соопштија од кабинетот на шефот на државата, Ван дер Белен денеска ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во вила „Водно“, по што ќе следува тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Австрија.
По средбата предвидено е Пендаровски и Ван дер Белен да одржат заедничка прес - конференција.
Според агендата за посетата, двајцата претседатели треба да се обратат на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу Северна Македонија и Австрија“.
Предвидено е претседателот Ван дер Белен и претседателот Пендаровски во црквата „Св. Спас“ во Скопје да положат венци на гробот на Гоце Делчев.
Престојот во Република Северна Македонија австрискиот претседател Ван дер Белен го започна вчера со посета на Охрид.
Ново на Сител
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
-

Храната во светот поевтинува, кај нас - можно поскапување
-

АРМ: Шугата во велешката касарна доаѓа однадвор
