Автобус удри 38-годишна жена во близина на трговски центар во Велес
Триесет и осумгодишна жена се здобила со тешки телесни повреди откако во неа удрил автобус. Несреќата се случила утрово во 7 часот на улица „Благој Ѓорев“, во близина на трговски центар во Велес.
Автобусот со велешки регистарски ознаки, кој удрил во 38-годишната Н.Р. бил управуван од 59-годишниот Т.Р..
Како што информира попладнево портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, во незгодата, Н.Р. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.
Полицијата извршила увид на местото на незгодата.
Како што информира за МИА д-р Весна Неделковска Николова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, повредената имала отворена скршеница на десна подлактица и и била укажана медицинска помош, а поради тежината на повредата со возило на Итна помош била препратена на понатамошно лекување во скопските клиники.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло