Автобус удри во автомоби кај Велес - има мртви
Трагедија на македонските патишта, автобус се судри со автомобил. Според информациите на МВР, вчера околу 14 часот на магистралниот пат Велес - Штип кај клучката за с.Црнилиште, се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус „Темса опалин“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Љ.Ц. (64) од Велес и патничко моторно возило „Шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на друштво за транспортни услуги од Скопје, а управувано од И.А. (29) од Скопје.
Во незгодата на лице место починал возачот И.А.. Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од полициската станица-Свети Николе. Сообраќајот на патниот правец Велес - Штип бил во прекин до 16.30 часот, а потоа се одвивал наизменично до 18.50 часот, по што е целосно нормализиран.
Ново на Сител
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
-
Реулаторна ќе објави нови цени на горивата
-
Почувствуван земјотрес во Хрватска