Македонија
30. April 2020 - 8:36

Автобусите на ЈСП за 1, 2 и 3 мај ќе возат по неделен возен ред

ЈСП информира дека јавниот превоз во петок 1-ви Мај, сабота 2-ри и недела 3-ти мај ќе функционира од 5 до 14 часот, а автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Останатиот тековен возен ред, до исклучувањето на возилата до 14 часот, можете да го видите на интернет страницата на ЈСП.

Во петок и во недела од 7.30 до 12 часот ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар (автобусот).

Во сабота од 7.30 до 12 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје. Отворени од 7.30 до 12 часот ќе бидат центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар (автобусот), информираат од ЈСП.

Оттаму потсетуваат дека услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто маркети и трафики, дел од секундарната продажна мрежа на претпријатието.

Посочениот режим на јавниот превоз и работното време на билетарниците е согласно одлуката на Влада на РМ за ограничено движење на граѓаните за време на првомајските празници, велат од ЈСП.