Автобусите од јавниот превоз утре од 5 до 15 часот, во полицискиот час нема да возат
Јавниот превоз од утре, сабота (25 април) од 15 часот до понеделник (27 април) до 5 часот, нема да функционира. Ваквиот режим е согласно одлуката на Владата за забрана на движење на граѓаните во посочениот период, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
Автобусите од јавниот превоз утре, сабота (25 април) ќе сообраќаат од 5 до 15 часот, по саботен возен ред.
Термините за поаѓањето на автобусите може да се видат на веб страницата www.jsp.com.mk.
Отворени од 7.30 до 14 часот ќе бидат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарниците на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје. Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар, информираат од ЈСП Скопје.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година