Автобусот кој се преврте кај Славонски Брод е со косовски национални ознаки
Најнови информации стигнуваат околу страшната несреќа која утрово се случила на автопатот Славонски Брод – Загреб, во близина на наплатната рампа во Славонски Брод.
Првичната информација беше дека автобусот е со македонски таблици, но по истрагата од местото, полицијата соопшти дека се работи за косовски автобус.
Преживеаните се пренесуваат со болница, а сообраќајот е во прекин.
Порталот „24 САТА“ јавува дека автобусот, бил со косовски таблички, а засега неофицијално загинати се 10 лица, додека 30 се пренесени во болница.
„Во 6:22 часот примивме дојави за слетување на автобус. Се работи за автобус со косовски таблици. Увидот е во тек. Засега не можеме да дадеме повеќе информации. Повеќе од 30 се повредени“, рече началникот на полицијата на Славонски Брод, Иван Галиќ, пренесува „24САТА“.
Повеќе детали очекуваме во текот на денот.