Македонија
2. January 2025 - 20:01

Автомобил излета во Вардар на патот Рашче - Сарај, нуркачи трагаат по 4 лица

Попладнево се случи тешка сообраќајка покрај реката Вардар, на патот Рашче-Сарај.

Автомобил излетал од патот и завршил во реката, информираат за Алсат полициски извори.

Според досегашните неофицијални информации,  станува збор за постар брачен пар, нивната невеста и еден од синовите на брачниот пар.

Алсат пренесува дека петтиот сопатник е 5-годишно дете кое го пронашле случајни минувачи и со нивна интервенција било донесено во болницата 8 септември во Скопје.

Во моментот на местото на несреќата веќе се пристигнати полиција и нуркачи, кои учествуваат во потрагата по останатите 4 лица, од кои се уште нема трага.