Македонија
5. February 2025 - 12:02

Автомобил удрил во 66-годишна жена, завршила со тешки телесни повреди

На 04.02.2025 во 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Бутелска“ во Скопје, патничко возило „рено твинго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(47) од Скопје, удрило во М.Н.(66) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Н., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.