Свет
6. December 2017 - 11:41

Автомобилите ќе може да се купуваат на претплата

Автомобилската индустрија одлучи да биде во чекор со времето, па во блиска иднина веројатно ќе можете да се отплаќаат купените возили, слично како и телефоните.
 
Последниот таков пример доаѓа од шведската автокомпанија „Волво“, која најави дека новиот теренец Икс-Це-40, освен вообичаено, ќе може да се набави и со претплата.
 
Имено, на Автосалонот во Лос Анџелес „Волво“ соопшти дека претплатата ќе изнесува 600 долара месечно со договор од две години, слично како што се отплаќаат нови мобилни телефони.
 
Слични понуди веќе имаат и „Форд“ и „Порше“. Концептот е сличен со купување на лизинг, но не е сосема ист.
 
Кога купува автомобил на лизинг, корисникот всушност секој месец го изнајмува, се дури договорот за лизинг не истече, со можност подоцна да го откупи возилото, а и самиот ја плаќа регистрацијата и другите трошоци.
 
Со претплатата, разлика е во времето ограничено за дополнителните трошоци, како што е регистрацијата и осигурувањето. Во теорија, наместо да е врзан за лизингот, корисникот ќе може да одлучи да не го земе возилото, на пример, 10 месеци, додека престојува во градот каде што работи, оти користи јавен превоз, а потоа на лето, за време на одморот, да земе двомесечна претплата.
 
Претплатата вклучува и осигурување и регистрација, а за разлика од лизингот, корисникот може и да не го откупи возилото по истекот на договорот