-->
-->
Автомобилите ќе може да се купуваат на претплата
-->
Автомобилската индустрија одлучи да биде во чекор со времето, па во блиска иднина веројатно ќе можете да се отплаќаат купените возили, слично како и телефоните.Последниот таков пример доаѓа од шведската автокомпанија „Волво“, која најави дека новиот теренец Икс-Це-40, освен вообичаено, ќе може да се набави и со претплата.
Имено, на Автосалонот во Лос Анџелес „Волво“ соопшти дека претплатата ќе изнесува 600 долара месечно со договор од две години, слично како што се отплаќаат нови мобилни телефони.
Слични понуди веќе имаат и „Форд“ и „Порше“. Концептот е сличен со купување на лизинг, но не е сосема ист.
Кога купува автомобил на лизинг, корисникот всушност секој месец го изнајмува, се дури договорот за лизинг не истече, со можност подоцна да го откупи возилото, а и самиот ја плаќа регистрацијата и другите трошоци.
Со претплатата, разлика е во времето ограничено за дополнителните трошоци, како што е регистрацијата и осигурувањето. Во теорија, наместо да е врзан за лизингот, корисникот ќе може да одлучи да не го земе возилото, на пример, 10 месеци, додека престојува во градот каде што работи, оти користи јавен превоз, а потоа на лето, за време на одморот, да земе двомесечна претплата.
Претплатата вклучува и осигурување и регистрација, а за разлика од лизингот, корисникот може и да не го откупи возилото по истекот на договорот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд, на планините од снег
-

Мицкоски: Над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти се подигнати, искористеноста околу 99 проценти
-

Мицкоски: Податоците за индустриското производство се потврда за напорната работа, уште подобри резултати во периодот што следи
-

Акциска контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од малолетници
-

Червар: Правилата мора за се променат
-

Иран за првпат потврди: За време на сузбивањето на антирежимските протести апсени и деца
-

Спомен-обележјето за загинатите во пожарот во „Пулс“ ќе се гради на бараната локација
-

Почина Кетрин О’Хара, ѕвездата од „Сам дома“
