Спорт плус
29. September 2017 - 18:03

Азербејџан во полуфиналето на Европското првенство за одбојкарки

 
 
 Женската одбојкарска репрезентација на Азербејџан направи вистински подвиг со пласманот во полуфиналето на Европското првенство, чија завршница се игра токму во Баку, Азербејџан.  
 
Домашните одбојкарки одиграа одличен меч во претпоследниот дуел од четвртфиналето во кој ја победија селекцијата на Германија со максимални 3:0 во сетови (25-20, 25-18 и 25-21). 
 
Азербејџанските одбојкарки во полуфиналето кое на програмата е утре за противник ќе ја имаат селекцијата на Холандија. 
 
Која ќе биде последната репрезентација која ќе обезбеди место во полуфиналето ќе дознаеме вечерва по одигрувањето на четвртфиналниот меч меѓу Русија и Турција. 
 
Победникот од овој натпревар за место во финалето ќе се бори со селекцијата на Србија.